Македонската фудбалска репрезентација денеска во Скопје ги започнува подготовките за квалификациските натпревари против Италија и Лихтенштајн за Светското првенство 2018 во Русија.

Поради повреда фудбалерот на Вардар, Бобан Николов нема да биде во комбинација за настап на последните два квалификациски дуели. Селекторот Игор Ангеловски прати дополнителен повик за Адис Јаховиќ.

Напаѓачот на турски Гезтепе веднаш ќе се приклучи на А тимот и ќе биде на тренингот закажан за вечер во 18 часот, информираа од ФФМ.

На првиот собир во хотелот „Гранд Плаза“ и на попладневниот тренинг ќе недостасуваат Столе Димитриевски, Стефан Ристовски и Езџан Алиоски. Тројцата доцна вечерва ќе допатуваат во Скопје по што ќе им се приклучат на репрезентативните колеги.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2017 12:28