Репрезентацијата на Велс ќе биде многу ослабена во клучните натпревари од квалификациите за Светското првенство.
Велс против Грузија во петок и против Ирска во понеделник ќе игра без неговиот најдобар фудбалер Герет Бејл.
Бејл беше клучен играч на Велс во овој циклус од квалификациите, напаѓачот на Реал Мадрид постигна четири гола и го дели второто место на листата на стрелците во групата со Душан Тадиќ.
Тој ќе ги пропушти наредните два репрезентативни натпревари поради слабата физичка подготвеност како последица од повредата на мускулот, поради што не играше ниту за Реал против Еспањол минатиот викенд.
Бејл присуствуваше на вчерашниот собир на репрезентацијата, првиот ден не тренираше со тимот за да одмори дополнително, но сепак нема да патува во Грузија.
Крис Колмен, селекторот на Велс, на негово место го повика Том Бредшо, напаѓачот на Барнсли.