Селекторот на младата македонска фудбалска репрезентација Благоја Милевски денеска одржа брифинг пред првиот меч кој нашите млади фудбалери ќе го играат на домашен терен.

Репрезентацијата на Македонија до 21 година во петок ја очекува дуел против врсниците од Србија во квалификациите за ЕП 2019 година.

Иако Србија важи за еден од главните фаворити за највисок пласман во групата, сепак селекторот Милевски нема да го менува пристапот и начинот на игра на нашата селекција.

– Без разлика дали играме дома или гости, пристапот е ист. Немаме потреба да менуваме било што, одиме на победа на секој натпревар, без разлика на противникот. Не секогаш успеваме, но на нас како тим е да го даваме максимумот кога го носиме државниот грб. Дали тоа ќе биде доволно за победа или не, ќе видиме на натпреварот, изјави Милевски.

Правејќи споредба меѓу двете селекции, Милевски верува дека тимскиот дух може да донесе позитивен резултат.

– Србите индивидуалци кои може да решат меч. Македонија не може да се потпреме на екстра-индивидуални карактеристики, но од друга страна не краси добар тимски дух, поставеност и функционалност. Како функционираме, може да се надеваме на позитивен резултат, заврши Милевски.

Селекторот нема проблеми со тимот, затоа што сите фудбалери кои се повикани во тимот се здрави и се во комбинација на настап. Дуелот меѓу Македонија и Србија се игра в петок, од 15 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2017 07:05