Челниците на Баерн од Минхен најдоа замена за Карло Анчелоти, а кој ќе седне на клупата на шампионот на Германија, знае Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити.
Ули Хенес, претседателот на клубот од Баварија, изјави дека се сретнал со поранешниот тренер на Баерн и според неговите зборови, Шпанецот го одобрил кандидатот за испразнетото место.
„Му го кажав името на човекот кого сакаме да го именуваме за тренер во блиска иднина. Беше задоволен од нашиот избор“, изјави Хенес.
Гвардиола го смета Томас Тухел за еден од најдобрите тренери и речиси е извесно дека неодамнешниот стратег на Борусија Дортмунд ќе го замени Анчелоти.
„Томас е топ, топ, топ тренер. Тухел е меѓу најдобрите на светот“, изјави Гвардиола пред неколку месеци. „Билд“ вчера пренесе дека раководството на Баерн ја разгледувало и можноста за ангажирање на Луис ван Хал (кој ги водеше „баварците“ од 2003 до 2011 година), а се споменувал и Луис Енрике.