Репрезентацијата на Србија беше поразена со 3-2 од Австрија во еден од нејзините најважни дуели, па сега шанса за пласман на Светското првенство 2018 во Русија ќе бара во последното коло од квалификациската група Д.
Србите на почетокот имаа предност од 0-1 со голот на Миливојевиќ, но потоа домашната екипа направи пресврт во два наврати со головите на Бургсталер, Арнаутовиќ и Шауб и на крајот победи со 3-2.
Во групата И, Хрватска на домашен терен одигра само 1-1 против Финска, па сега ѝ е неизвесен настапот на Мундијалот во Русија. Во последното коло ќе гостува кај Украина, со која има еднаков број бодови откако славеше со 0-2 на гостувањето кај Косово.
Хрватите во натпреварот против Финска поведоа со голот на Манџукиќ во 57-мата минута, но Финците изедначија со голот на Соири во 90-тата минута од средбата.