Фудбалерите на Нигерија успеаја да се пласираат на Светското првенство во Русија откако вечерва во натпревар од 5.коло од Б групата од африканската зона ја победија Замбија со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Алекс Ивоби во 70.минута откако четири минути претходно влезе во игра. Нигерија на едно коло до крајот има 13 бодови, а Замбија остана на 7.

Ова за селекцијата на Нигерија е шесто учество на светските првенства.

Во рамките на 5.коло од африканските квалификации се одиграа и натпреварите: Јужна Африка – Буркина Фасо 3:1, Уганда – Гана 0:0, Камерун – Алжир 2:0 и Мали – Брегот на Слоновата коска 0:0.

Во другите четири групи за првото место ќе решаваат натпреварите што се во тек и дуелите од последното шесто коло.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/10/2017 00:11