Фудбалската репрезентација на Полска со победата постигната синоќа над Црна Гора со 4:2 во Варшава успеа да избори пласман на Светското првенство во Русија 2018.

Полска го освои првото место во групата Е и по осми пат ќе биде учесник на фудбалски Мундијал и тоа откако ги „прескокна“ претходните две првенства.

Полска водеше против Црна Гора до 78.минута, но за пет минути гостите изедначија на 2:2. Полска до крајот пак постигна два гола. Центарфорот на Полска Роберт Левандовски со 15 голови е најефикасниот фудбалер во квалификациите.

На натпреварите одиграни вчера познато е дека Данска (група Е) и Словачка (група Ф) се второпласирани, кои ќе ги чекаат исходите од другите групи околу учеството во баражот.

Резултати од 10.коло од квалификациите од европската зона:

Група Е:Данска – Романија 1:1, Полска – Црна Гора 4:2, Казахстан – Ерменија 1:1.

Табела: Полска 25 бодови, Данска 20, Црна Гора 16, Романија 13, Ерменија 7, Казахстан 3.

Група Ф: Литванија – Англија 0:1, Словачка – Малта 3:0, Словенија – Шкотска 2:2.

Табела: Англија 26, Словачка 18, Шкотска 18, Словенија 15, Литванија 6, Малта 1.

Вчера од 20:45 часот се играа натпреварите од Д групата: Чешка – Сан Марино, Норвешка _ Северна Ирска и Германија – Азербејџан.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2017 07:58