Фудбалската репрезентација на Германија без ниту еден изгубен бод, со десет победи на десет натпревари ги заврши квалификациите за Светското првенство што следната година ќе се игра во Русија.

Во 10.коло, актуелниот светски шампион го победи Азербејџан за потврда на првото место во групата Ц.

Покрај Германија која обезбеди учество на Мундијалот 2018, од оваа група Ц шанса за пласман преку бараж ќе има Северна Ирска која синоќа во дуел без големо значење загуби од Норвешка со 1:0.

Десеттата рунда беше комплетирана со натпреварот Чешка – Сан Марино кој заврши со победа од 5:0 за чешката репрезентација.

Табела: Германија 30 бода, Северна Ирска 19, Чешка 15, Норвешка 13, Азербејџан 10, Сан Марино 0.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2017 08:00