Селекторот на чилеанската фудбалска репрезентација Хуан Антонио Пици поднесе оставка по неуспехот во Мундијалските квалификации, објавија локалните медиуми.
Чилеанците ноќеска изгубија од Бразил со 3:0 и останаа на шестото место во Јужноамериканската зона.
49-годишниот Аргентинец кој минатото лето го предводеше Чиле до трофејот во Копа Америка, изјави дека ја презема целосната одговорност за неуспехот во овие квалификации.
– Сите сме многу разочарани. Никогаш досега во мојата кариера не сум бил толку тажен, рече Пици по дуелот со Бразил.