Артуро Видал објави дека става крај на својата кариера во националниот тим, откако Чиле не успеа да се пласира во финалето на Светското првенство во Русија.

30-годишниот играч на Баерн Минхен својата одлука која е доста емоционална ја објави на Твитер.

– Многу благодарам на сите за се. Во овие години го давав живот во секој натпревар. Научив многу, научив дека една земја која не е толку силна, со труд може да постигне успех. Душата ми е уништена, но во исто време сум горд на овие играчи и стручниот штаб, напиша Видал.

Тој за Чиле одиграл 95 натпревари и постигна 23 гола.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/10/2017 22:38