Раководството на Манчестер Јунајтед подготвува нов петгодишен договор за менаџерот Жозе Мурињо, објавија англиските медиуми.

Во Манчестер се задоволни од работата на Португалецот кој успеа да го стабилизира клубот и поради тоа сакаат да го обезбедат Мурињо на подолг рок.

Доколку Мурињо го прифати договорот тоа ќе значи за него најдолг престој во еден клуб.

Актуелниот договор со „црвените ѓаволи“ му истекува во 2019 година.

Мурињо заедно со Пеп Гвардиола од Манчестер Сити со по околу 250 илјади фунти неделна плата се најдобро платените тренери во светот. Со новиот договор португалскиот стручњак ќе ја задржи истата сума, но ќе добие можност за повеќе заработка преку бонуси за освоени трофеи.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2017 11:17