Садио Мане, фудбалерот на Ливерпул, ќе паузира шест седмици поради повреда на тетивата, објави англискиот клуб.

Мане се повреди додека играше за репрезентацијата на Сенегал. Тој во саботата беше заменет во 89-тата минута од натпреварот против Зелено’ртските Острови во квалификациите за Светското првенство. Тој најверојатно ќе пропушти шест натпревари на Ливерпул, од кои првиот е против Манчестер јунајтед во Премиер лигата.

Ливерпул имаше лоши резултати на средината на минатата сезона, кога Мане ја претставуваше неговата земја на Купот на африканските нации. Мане оваа сезона постигна три гола за Ливерпул во Премиер лигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2017 13:10