Фудбалскиот клуб Вардар одбројува до натпреварот во рамките од третото коло од групната фаза во Лигата на Европа со Реал Сосиедад. Шпанскиот тим е следниот предизвик за црвено-црните на патот кон првите бодови во оваа фаза од Европа.

Од редовите на македонскиот шампион, апелираат љубителите на фудбалот и пред се симпатизерите на Вардар да дојдат во голем број и да му помогнат на тимот во обидот да се избори првиот позитивен резултат, по двата порази. – Уште од сега апелираме в четврток да дојдете порано на стадионот, да го заземете вашето место и со фер и коректно навивање да му дадеме поддршка на нашиот тим во пресметката со Сосиедад, и на крајот со надеж дека ќе се радуваме на првите бодови во Лигата на Европа, апелираат од Вардар. Билетите за овој натпревар се во продажба, која ќе трае се до четврток, денот на одигрување на мечот. Од таборот на црвено-црните потсетуваат дека замената на ваучерите со електронски картички може да се изврши до вторник до 18 часот на билетарницата на Националната арена „Филип Втори“, а сите кои нема да успеат да ги заменат ваучерите, ќе можат да влезат на двата натпревари против Реал Сосиедад и против Розенборг. Дуелот меѓу Вардар и Реал Сосиедад ќе се игра в четврток на Националната арена „Филип Втори“ со почеток од 19 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2017 12:12