Македонскиот првак Вардар претрпе уште еден убелив пораз во групната фаза во Лига Европа.

Вардарци вечерва на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје, се поразени убедливо од Реал Сосиедад со 6:0.

Целата работа околу победникот на мечот шпанците ја завршија уште во првиот дел кој го добија со 3:0.

Четири од шестте голови за Сосиедад ги постигна Вилиан Жозе (34.минута, 42, 55 и 59), откако Микел Ојарзабал во 12.минута беше стрелец на првиот гол, а последниот го постигна Де ла Беља (90).

Црвено-црните имаа две големи шанси за погодок при водство на гостите од 0:1, но ударите на Велковски во 28-та и Барсегјан не ја погодија целта.

Потсеување дека вардарци во 1. коло исто така на домашен терен загубија од Зенит со 0:5, а беа совладани и на гостувањето кај Розенборг (3:1).

Во вториот меч од Л група, Зенит Санкт Петербург го победи Розенборг со 3:1 .

На табелата води руската екипа со максимални 9 бодови пред Реал Сосиедад кој сега има 6, по што следува Розенборг со 3 и Вардар без освоен бод..

Во следното коло закажано за 2 ноември ќе се сретнат истите ривали, но тогаш Вардар ќе гостува во Сан Себастијан.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/10/2017 23:00