Вардар го загуби натпреварот со Реал Сосиедад со убедливи 6:0. Во Скопје вечерва доминираше претставникот од Шпанија и ги освои трите бода.
Веднаш после натпреварот шефот на стручниот штаб Чедомир Јаневски го призна поразот, и истакна дека ја превзема вината, а исто така се извини на навивачите на нашиот тим кои сигурно очекуваат поинаков резултат вечерва.
„Ова е тежок пораз за нас како клуб, за играчите и за мене. Наидовме на многу подобар противник вечерва и после првата грешка бевме казнети и имавме негатива. После тоа можевме да израмниме, и да постигнеме гол кој што ќе ги сменеше работите на теренот, да добиеме еден поинаков натпревар. Тоа не се случи, а нашиот противник даде и втор гол. После два гола, тешко е да се вратиш со екипа која што секоја недела има вакви натпревари во своето првенство. Тоа се виде и на овој натпревар. Штета што денеска на мечот не покажавме многу повеќе. Јас се извинувам на публиката за овој голем пораз. Тоа е моја грешка бидејќи јас го водам тимот и јас ги бирам фудбалерите. Не се играчите виновни, јас сум виновен бидејќи згрешив во некои работи. Жал ми е за навивачите, затоа што дојдоа во поголем број, навиваа од срце целиот натпревар“, изјави Јаневски после натпреварот.