Еузебио Сакристан тренерот на Реал Сосиедад не го киеше задоволството од високата победа (6-0) на неговиот тим во дуелот против Вардар.
Шпанскиот стратег смета дека клуч на победата е концентрираната игра во одбраната, која на вардарци не им дозволи да постигне гол, а потоа се било полесно за неговите избраници.
„Ова беше одличен меч за нас. Брзо дадовме гол, а кога поведовме со 3:0 беше многу полесно. Вардар сакаше да ја има топката, да не загрози во некој контра напад и имаше такви можност. Добро е што не примивме гол за 1-1. Кога веќе на полувремето имавме три гола предност, во вториот дел беше многу полесно и стигнавме до убедлива победа“, изјави тренерот на шпанскиот тим.
Вардар и Сосиедад ќе играат и во следното коло 2 ноември во Сан Себастијан.