Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, изјави дека неговиот тим заслужено славел против Црвена ѕвезда во Лигата на Европа.
Англискиот тим славеше во Белград со 1-0, а Венгер изјави дека Ѕвезда изненадила.
„Многу тежок натпревар, на жежок терен. Ѕвезда беше опасна од контранападите, но одевме на победа и заслужено славевме. Екипата покажа менталитет, ги градеше играта и резултатот и беше наградена со голот на Жиру“, изјави Венгер.
Францускиот стручњак додаде дека бил воодушевен од атмосферата во Белград, но и од играта на Ѕвезда.
„Атмосферата беше фантастична, Ѕвезда е огромен клуб со голема традиција, Овде луѓето добро го познаваат фудбалот и затоа се страсни.
Ѕвезда покажа дека е компактен тим, посебно ми се допадна интензитетот во играта. Искрено, не очекував толку силен отпор, посебно се добри во транзиција, кога од одбрана преминуваат во напад“, додаде Французинот.
Овие два тима ќе играат на втори ноември и во Лондон во четвртото коло.