Во натпреварите од третото коло на Лигата на Европа, Лацио по пресвртот триумфираше во Ница, а изненадување приреди украинската Зорја со победата против Херта од Берлин.

Во еден од најинтересните натпревари од третото коло, Лацио во групата К по пресвртот, ја победи Ница на Азурниот Брег со резултат 3-1. Францускиот тим поведе во четвртата минута со погодокот на Марио Балотели, а интересно е тоа што Италијанецот учествуваше во сите осум последни погодоци на неговиот тим. Седум пати беше стрелец и еднаш асистент.

Лацио изедначи веќе во следниот напад. Српскиот интернационалец Сергеј Миленковиќ-Савиќ со глава ја испрати топката во срцето на шеснаесетникот, а лошата реакција на голманот и на еден дефанзивен играч на домашниот тим ја искористи Кајседо и го изедначи резултатот веќе во следниот напад.

Во 65-тата минута повторно Србинот и Еквадорецот беа во прв план. Кајседо асистираше, а на Миленковиќ-Савиќ не му беше тешко да ја испрати топката во голот. Уште една одлична партија Србинот ја круниса со погодокот во 89-тата минута, по корнерот кој го изведе Алберто.

Во другиот натпревар од групата, Цулте-Варегем и Витесе во Белгија одиграа 1-1 и ги запишаа првите бодови.

Во групата Л, Зенит на негов терен го задржа максималниот учинок, а за победата против Розенборг со резултат 2-0 се погрижи Ригони. Аргентинецот уште во втората минута му донесе предност на неговиот тим, а триумфот го завери на средината на второто полувреме.

Но ниту тоа не беше крајот, бидејќи Ригони во 75-тата минута ја искористи грешката на дефанзивниот играч на норвешкиот тим и погоди за хет-трик.

Зенит е лидер во групата со девет бодови, Реал Сосиедад има шест, Розенборг три, а Вардар е без бодови.

Салцбург на тешкото гостување кај Коњаспор освои три бода и остана на првото место на табелата во групата И со седум бодови, додека Марсеј направи пресврт против Гимараис (2-1) и по трите одиграни кола, има еден од помалку од Австријците.

За изненадување се потрудија аутсајдерите во групата Ј. Шведскиот Естерсунд против Атлетик Билбао беше на чекор до триумф, но Баскијците во финишот изедначија (2-2) и извлекоа бод, додека Зорја на домашен терен беше подобра од Херта од Берлин со 2-1.

Астана во групата А го декласира Макаби од Тел Авив со резултат 4-0, а во другиот натпревар од групата Вилјареал и Славија од Прага одиграа изедначено 2-2.

Варегем и Витесе во Белгија одиграа 1-1 и ги постигнаа првите бодови.

Во најмалку атрактивната група Г, Стеауа во Израел во второто полувреме со два постигнати гола го оствари третиот триумф, додека Лугано го совлада П’лзењ со 3-2. Романците се први во групата со девет освоени бода, а останатите три тима имаат по три бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/10/2017 14:13