Екипата на Тотенхем го декласира Ливерпул со 4:1 на „Вембли“ во дуел кој стана историски поради фактот дека натпреварот е најпосетен во историјата на Премиер лигата.

Натпреварот во живо го гледале 80.827 гледачи, еден од нив беше светската фудбалска легенда Диего Марадона.

Со овој триумф Тотенхем се изедначи по бројот на бодови со Манчестер Јунајтед. Тимот на Ливерпул сега заостанува 12 бодови зад лидерот Манчестер Сити и има негативна разлика по девет премиерлигашки рунди.

Уште една одлична партија прикажа Хари Кејн кој погоди во 4. И 56. Минута. Другите два гола за домаќините ги постигнаа Сон Хјун-Мин и Деле Али. За Ливерпул погоди Мохамед Салах.

Ова беше прва победа за Тотенхем на последните девет натпревари во Премиер лигата помеѓу двата тима.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/10/2017 02:22