Управата на Евертон по убедливиот пораз вчера на домашен терен од Арсенал (2:5) реши да го отпушти менаџерот Роналд Куман. Популарните „карамели“ се наоѓаат на делба од 15-18.место на табелата со осум бодови по девет одиграни кола.
Куман на клупата на Евертон дојде пред 16 месеци и ланската сезона ја заврши на седмото место. Тој е третиот сменет менаџер сезонава во Премиер лигата по сонародникот Франк де Бур (Кристал Палас) и Крег Шекспир (Лестер).
Како можно наследници се споменуваат екс менаџерот на Евертон Дејвид Мојс, Мануел Пелигрини, Карло Анчелоти, Еди Хоув од Бурнемут и Шон Дајч од Барнли.