Португалецот Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар играч на светот повторно и во 2017 година, откако вечерва ја доби наградата „ФИФА Бест“, која ја доделува Светската фудбалска федерација (ФИФА) заедно со навивачите и новинарите, во гласањето кое го спреоведе во изминативе неколку месеци.

За најдобар голман е прогласен 39 годишната легенда на светскиот и италијанскиот фудбал, голманот на Јувентус Џанлуиџи Буфон. Во другите категории, добитници на награди се:

Зинедин Зидан е најдобар тренер во 2017 година,

Џанлуиџи Буфон е најдобар голман за 2017 година,

Навивачите на Селтик ја добија наградата за најдобри навивачи за оваа година,

Сарина Вигман, селекторката на Холандија е најдобар женски тренер за 2017,

Франсис Коне е добитник на наградата за гер-плеј за 2017 година,

Оливие Жиру за гол на годината – награда „Ференц Пушкаш“,

Вике Мартенс од Холандија е најдобра фудбалерка за 2017 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/10/2017 02:30