Во Лондон синоќа се одржа свечена церемонија на ФИФА на која Кристијано Роналдо беше избран за најдобар фудбалер во 2017 година.

Роналдо зад себе ги остави Лионел Меси и Нејмар.

Португалецот имаше одлична сезона во Реал Мадрид, со одбранета титула во Лигата на шампионите и по неколку години паузата, освоен трофеј во шпанската Ла Лига.

Како капитени на своите репрезентации Португалија и Аргентина, право да гласаат имаа и Роналдо, односно Меси. И двајцата гласовите ги поделија на клупските колеги.

Роналдо најмногу гласови му даде Лука Модриќ, а гласаше и за Серхио Рамос и Марсело.

Од друга страна, Меси најмногу поени му додели на Луис Суарез, а по него на Андрес Иниеста и Нејмар, кој во меѓувреме го смени клубот.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/10/2017 13:08