Илија Несторовски одигра уште еден одличен натпревар за својот клуб Палермо синоќа на гостувањето кај Карпи.
Македонскиот репрезентативец и капитен на Палермо во победата од 3:1 ги постигна првите два погодоци и асистираше при третиот гол на Ембало.
За домаќините погоди Сабионе.
Вториот македонски репрезентативец во тимот од Сицилија остана на клупата за резервни играчи.
Палермо по 11 рунди во Серија Б се наоѓа на третата позиција со 18 бода.
Лидер на табелата е Емполи со 20, пред Фросиноне со 19 бода.