Пепе Мел не е веќе тренер на Депортиво Ла Коруња бидејќи челниците на клубот одлучиле да му врачат отказ по осум месеци поминати на клупата на шпанскиот клуб. До крајот на сезоната на клупата ќе биде Кристобал Параоло.

Шпанскиот стручњак победи само на шест од претходно одиграни 24 натпревари, вклучувајќи ги и годинашните два од девет одиграни кола во Ла Лига.

Мел беше пред заминување од клубот, а поразот од Хирона во понеделникот беше само капката која ја прели чашата.

Поранешниот шеф на Депортиво е дури четврти шеф на стручниот штаб од почетокот на годината кој ја изгубил довербата кај челниците. Пред него беа отпуштени: Луис Зубелдиа од Алавес, Фран Ескриба од Вилјареал и Маноло Маркес, кој доби отказ од Лас Палмас.

Клубот денес го именуваше Кристобал Параоло за нов тренер, пренесоа шпанските медиуми.

Параоло досега го водеше Б тимот на Ла Коруња, а на клупата на првиот тиме би требало да биде до крајот на сезоната. Ла Коруња во моментов е на 16-тата позиција во шпанското првенство со осум бодови од девет натпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2017 11:46