Сите водечки екипи на Серија А забележаа победи во натпреварите од десеттото коло на италијанскиот национален шампионат.

Лацио во Болоња одигра 2-1 (2-0), актуелниот шампион Јувентус убедливо го порази СПАЛ на домашен терен со 4-1 (2-1), а убедлив беше и Милан како гостин кај Киево во Верона со 4-1 (2-0).

Наполи по пресвртот ја совлада Џенова на нејзин терен со 3-2 (2-1) и се врати на првото место на табелата.

До трите бода дојде и Рома против Кротоне, а стрелец на единствениот погодок беше Диего Пероти во десеттата минута од пенал.

Торино доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Фиорентина со 3-0 (1-0).

Во преостанатите два натпревари одиграни вчера, Калјари на Сардинија беше подобар од Беневенто, по драмата во продолжението, со 2-1 (1-0), а Удинезе со минимален резултат славеше во гости против Сасуоло со 1-0 (1-0).

На отворањето на денот, Аталанта рутински ја победи Хелас Верона со 3-0 (0-0), а Интер во вторникот ја совлада екипата на Сампдорија со 3-2 (2-0).

Милан успеа да ја прекине серијата од четири средби без победа откако го совлада Киево во гости со 4-1 (2-0).



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2017 14:20