Многу младите, сè почесто и малолетни, првотимци не се никаква новост кога е во прашање модерниот фудбал.

Се чини дека не постои долна граница, иако играч помлад од 16 години мора да добива посебна дозвола од лекар за настап пред секој натпревар, а во Романија дебитираше момче кое има само 14 години, десет месеци и 23 дена.

Неговото име е Јаник Стојка, син на некогашниот лев бек на Стеауа и на репрезентацијата на Романија, Помпилиу, а дебито токму во дресот на Стеауа за рекорд не е единствената работа која може да се истакне.

Јанис доби шанса да игра во натпреварот од националниот Куп против Санататеа Клуж (6-1), влезе во игра во 60-тата минута и во втората минута од судиското продолжение успеа да се запише во листата на стрелците.

„Мојот гол е производ на многу напорна работа, работа која трае осум години – секој ден. Дневно имам по еден или по два тренинзи. Мојот татко ми објасни сè што е потребно, но и колку е тешко да се заслужи дресот на Стеауа. Чувството не може да се опише, посебно кога на тренинг ќе ми се јават Будеску или Алибек и ќе ми кажат само чао“, изјави младиот Стојка.

Јанис стана најмладиот фудбалер во историјата на тамошниот фудбал, но не и во светскиот бидејќи Маурисио Балдивиесо дебитираше за Аурора од Боливија само на 12 години, во дуелот против Ла Паз во 2009 година.

„Самото сознание дека сум во протоколот ми влеваше самодоверба, иако мислев дека ќе играм само неколку минути. Искрено, ја работев домашната задача кога ми соопштија дека ќе бидам дел од тимот. Цело време размислував кога ќе дојдат тие неколку минути. Верувајте ми, колку размислував за тој натпревар, би можел книга да напишам. Нозете сами почнаа да ми се тресат кога го слушнав своето презиме и наредбата да почнам да се загревам“, искрено изјави Јанис.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/10/2017 15:02