Престижниот американски економски магазин „Форбс“ го рангира на четвртото место Светското фудбалско првенство 2018 во категоријата најскапи спортски настани во светот.

Мундијалот што следната година ќе се одржи во Русија „Форбс“ го проценува на 229 милиони долари.

На првото место е Супер Бол – финалниот меч од американскиот фудбал. Овој настан се проценува на 663 милиони долари.

Второто место е за Летната олимпијада со 419 милиони долари, а третото место е Зимските олимписки игри со 285 милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/10/2017 15:10