Првиот натпревар од 11.коло од Серија А заврши со победа на првакот Јувентус од 2:0 на гостувањето кај Милан, а стрелец на двата гола беше Гонзало Игуаин. Тој головите ги постигна во 23.минута и 63.минута.
Од ова коло вечерва се игра дуелот Рома – Болоња.
Утре се играат натпреварите: Беневенто – Лацио, Кротоне – Фиорентина, Наполи – Сасуоло, Сампдорија – Киево, СПАЛ – Џенова, Удинезе – Аталанта и Торино – Каљари, додека последниот натпревар меѓу Верона и Интер на програма е во понеделник.
Табела: Наполи 28 бодoви, Јувентус 28, Интер 26, Лацио 25,Рома 21...