Фудбалерите на Реал Мадрид попладнево доживеаја ново непријатно изненадување откако на гостувањњето кај Жирона загубија со 2:1.

За „кралскиот клуб“ ова е втор пораз сезонава, а Барселона сега се наоѓа на осум бодови предност како лидер на Ла Лига, додека Валенсија е на втората позиција.

Реал поведе со голот на Иско во 12.минута. На почетокот на вториот дел за пет минути Жирона направи пресврт со головите на Кристиан Стуани во 54.минута и на Порту во 58.минута.

Од денеска одиграните дуели од 10.коло од Ла Лига Хетафе го победи Реал Сосиедад со 2:1 исто така со пресврт.

Во тек е дуелот Еибар – Леванте, а вечерва играат Малага – Селта.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2017 15:21