Екипата на Евертон продолжи со слабите резултати и попладнево го забележа третиот пораз на последните четири натпревари во Премиер лигата со само еден освоен бод.

На гостувањето кај Лестер, Евертон загуби со 2:0 и остана на 18.место на табелата со осум бодови, колку што има и 17-то пласираниот Свонси.

Головите за Лестер ги постигнаа: Џејми Варди во 18.минута и Демарај Греј во 29.минута.

Лестер по вториот триумф во низа со 12 бода се проби на 11.место.

На вториот дуел одигран денеска Брајтон – Саутемптон 1:1. Последниот дуел од 10.коло од Премиер лигата се игра утре меѓу Барнли и Њукасл.

Лидер на Премиер лигата е Манчестер Сити со 28 бодови.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2017 15:23