Репрезентативецот на Македонија Енис Барди го постигна вториот гол за својата екипа Леванте на вечерашниот натпревар од 10. коло од Ла Лига против Еибар.
Леванте во 37.минута поведе со 2:0 по голот на Барди, откако две минути претходно Моралес донесе водство за гостите.
Еибар во вториот дел успеа да го изедначи резултатот со головите на Анаиц Арбиља (51.минута) и на Чарлс (74. минута).
Леванте е во серија од пет натпревари без победа, со три нерешени резултати и се наоѓа на 11.место со 12 бода.
Еибар е на 17. место со осум бодови.
Денешниот гол за Барди беше четврти негов сезонава во дресот на Леванте.