Германскиот бундеслигаш Вердер Бремен го отпушти тренерот Александер Нури откако не успеа да победи во првите десет натпревари оваа сезона.
Нури го одведе Бремен до осмото место во германското првенство минатата сезона, откако ја презеде екипата во септември 2016 година, кога таа беше на дното на Бундеслигата.
Вердер по десет одиграни кола во Бундеслигата оваа сезона, се наоѓа на претпоследното, 17-то место со пет бода и само со три постигнати гола.
Заедно со Нури си замина и неговиот помош Маркус Федхоф, еден ден по убедливиот пораз со 3-0 од Аугсбург во Бремен.
Екипата привремено ќе ја води Флоријан Кохфелд, тренерот на тимот Б, кој ќе биде на клупата на натпреварот во Бундеслигата против Ајнтрахт во петок.