Албанскиот фудбалски клуб Скендербег наредниот натпревар ќе го игра пред празни трибини во Елбасан.
Скендербег е казнет поради однесувањето на навивачите на натпреварот со Партизан од Белград.
Покрај тоа, Европската фудбалска унија одлучила дека албанскиот фудбалски клуб мора да плати и казна од 60.000 евра.
Скендербег е казнет поради незаконско скандирање, палење пиротехника и расистичко однесување на гледачите на натпреварот против Партизан во Лигата на Европа.
Двете екипи повторно ќе играат во четврток, од 19 часот во Белград.