Дејан Ловрен е цел на навивачите на Ливерпул поради лошите резултати оваа сезона, но некои ја преминаа границата на нормалното.
„Ќе ти го убијам семејството ти хрватска пи**о“,еден симпатизер му испратил директна порака на Ловрен на „Инстаграм“, која стоперот ја објави.
„Вознемирен сум од тоа какви луѓе постојат. Не ми смета кога луѓето зборуваат гадости за мене, тоа многу повеќе зборува за нив, но не можам да игнорирам кога му се закануваат на моето семејство. Тоа е одвратно“, изјави Ловрен.
Тој е ставен на столбот на срамот откако менаџерот Јирген Клоп го замени само по половина час од натпреварот против Тотенхем, кој благодарение на неговите грешки, поведе со 2-0 во натпреварот кој го доби со 4-1.
„Не му посакувам никому за неговите грешки за се расправа во јавноста. Не можете да замислите какво чувство е тоа. Овие момчиња пред сè се човечки суштества, а вие изгледате како да набљудувате сообраќајна несреќа и ја снимате со мобилен телефон наместо да помогнете. Јас не сум таква личност. Имавме нормална седмица. Секако дека Дејан не го имаше најдобриот викенд во животот, но тоа е само фудбал. Луѓето не се полоши или подобри личности само поради грешките на натпреварите. Кога мислам на Дејан, имам повеќе позитивни отколку негативни работи за неговата игра“, изјави во одбрана на неговиот играч Клоп.