Македонскиот репрезентативец, десениот бек, Стефан Ристовски вечерва дебитираше во елитното натпреварување. Toj цели 90 минути се справи добро со ѕвездите на Јувентус. Но за жал играта не беше наградена со победа. Португалците иако водеа, Јувентус успеа да спаси глава и да си замине непоразен од Лисабон.
Ристовски беше еден од најдобрите на теренот, добивајќи мнозинство од дуелите со офанзивците на Јувентус и фрустрирајќи го особено Марио Манџукиќ. Тоа измами овации од трибините во Лисабон во неколку наврати. За жал, мораше да ја напушти играта неколку минути пред завршниот свиреж, поради повреда, но тогаш барем се виде колку многу ја придоби лисабонската публика, која не ги штедеше аплаузите.