Експедицијата на Вардар составена од фудбалерите, стручниот штаб и дел од раководството, утринава се упатија кон шпанскиот град Сан Себастијан, Шпанија каде што утре „црвено-црните“ ќе го играат натпреварот од четвртото коло од групната фаза од Лигата на Европа против екипата на Реал Сосиедад.

Со овој натпревар ќе стартува вториот дел од групната фаза од Лигата на Европа. Во првиот дел Вардар не освои ниту еден бод, со надеж дека тоа ќе го сторат на последните три натпревари во групата „Л“.

Предвидено е вардарци некаде околу пладне да пристигнат во Сан Себастијан. Во 18:30 „црвено-црните“ ќе одржат прес конференција, а во 19 часот ќе биде официјалниот тренинг на стадионот „Аноета“ каде што ќе се игра натпреварот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2017 16:15