Антонио Конте, менаџерот на Челзи, изјави дека признава дека е загрижен поради изданието на неговата екипа против Рома.

Челзи беше поразен со убедливи 3-0 во Рим, а првиот гол го прими само по 39 секунди од средбата.

„Кога ќе изгубите со 3-0, тоа значи дека лошо сте одиграле. Во првото полувреме бевме добри, создававме шанси, но 2-0 не беше реален резултат. Во второто полувреме бевме многу лоши. Рома покажа поголема желба да се бори и поради тоа славеше“, изјави менаџерот на Челзи.

„Многу сум разочаран. Мораме сите да сносиме одговорност. Кога ќе примите три гола, морате да бидете загрижени. Тоа значи дека нешто не функционира. Тешко е, но мораме да го анализираме натпреварот. Мораме да работиме на тактиката. Оваа сезона помалку работиме на тоа. Се надевам дека ова беше само уште една лоша вечер“, изјави Конте.

По четири одиграни кола, Челзи е втор во групата Ц со седум бода, еден помалку од Рома и четири повеќе од Атлетико Мадрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2017 20:04