Двата најинтересни натпревари на програмата денес во Лигата на шампионите се играат во Лондон, односно во Неапол.

Тотенхем во едно од дербијата ќе го дочека шампионот на Европа, Реал Мадрид, додека Манчестер сити ќе гостува кај Наполи.

Лондонските „петли“ минатиот викенд беа поразени на гостувањето кај Манчестер јунајтед, но со оглед на тоа дека во тимот се враќа Хари Кејн, сите веруваат дека ранетиот Реал откако изгуби од Хирона во Примера лигата, може да падне и на „Вембли“.

Истовремено, во Наполи владее вистинска еуфорија, тимот води во Серија А, а новиот предизвик можеби е и најтешкиот – Манчестер сити, екипата која е во неверојатна форма со 13 последователни победи, последната минатиот викенд против Вест Бромич, со која е поставен нов клупски рекорд.

Жешка атмосфера се очекува и во Истанбул, каде што Бешикташ го дочекува Монако и сака да ја продолжи одличната серија во елитното натпреварување и со четврта последователна победа да го осигури пласманот во осминафиналето.

Севилја ќе бара одмазда против Спартак од Москва, токму како и Борусија Дортмунд во дуелот со екипата на АПОЕЛ.

Сите натпревари се играат во стандардниот термин од 20.45, освен дуелот меѓу Бешикташ и Монако, кој на програмата е од 18 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2017 20:09