Селекторот на најдобрата фудбалска репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски дополнително го повика Кире Маркоски од Работнички за контролниот натпревар против Норвешка закажан за 11 ноември на Националната арена “Филип Втори” во Скопје.

Кире Маркоски ќе го замени во офанзивниот ред напаѓачот на Палермо Илија Несторовски кој е ослободен од репрезентативни обврски за овој дуел.

Поради повреда селекторот Ангеловски нема да може да смета ниту на Никола Ѓорѓев, а по утрешниот собир ќе се знае дали Кире Ристевски и Висар Муслиу ќе бидат во составот за натпреварот со Норвешка.

Собирот на репрезентацијата е закажан утре во 12 часот во хотел „Гранд Плаза“ во Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2017 03:39