Хари Кејн, фудбалерот на Тотенхем, поради повредата е ослободен од обврските во англиската репрезентација пред натпреварите со Германија и Бразил.

Напаѓачот на „петлите“ претрпе удар во стапалото во победата на неговиот клуб со 1-0 над Кристал палас во последното коло на Премиер лигата и остана во Лондон на третманите.

Кејн претходно го пропушти натпреварот против Манчестер јунајтед поради проблеми со задниот дел на бутниот мускул, а потоа излезе во второто полувреме во победите над Реал и над Кристал палас.

Поради повреда на глуждот, на последниот натпревар во националниот тим нема да биде ниту Хари Винкс, соиграчот на Кејн. „Гордиот Албион“ во петок ќе игра против Германија, а наредниот вторник против Бразил. Кејн во последните шест натпревари во дресот на Англија постигна седум голови.

Тотенхем ќе игра со Арсенал по репрезентативната пауза на 18-ти ноември.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2017 23:04