Кормилото на Џенова го презеде стручњакот кој во текот на кариерата во два наврата беше на таа позиција.
Поразот во дербито од Сампдорија на „Луиџи Ферарис“ беше капката која ја прели чашата и управата на Џенова му врачи отказ на Далматинецот Иван Јуриќ.
Џенова по 12 одиграни кола во Серија А, се наоѓа во зоната на испаѓање, освои само шест бода, па ваквиот епилог беше сосема очекуван.
Работите на подобро би требало да ги покрене Давиде Балардини.
Овој 53-годишен тренер од Равена во текот на неговата тренерска кариера Џенова ја водеше во два наврата, во сезоната 2010/11 и во текот на сезоната 2013/14, кога на полусезоната го презеде кормилото во деликатна ситуација и успеа да избори опстанок. Сега се очекува да го повтори тоа.