Бразилецот жестоко влезе во војна со Унаи Емери, тренерот на ПСЖ.

Нема мирни денови во ПСЖ откако меѓу „светците“ дојде Нејмар. Бразилецот пред раководството на клубот се покајал што ја напуштил Барселона и се заканил дека ќе го напушти Париз ако на клупата остане Унаи Емери.

Според наводите на француските медиуми, Нејмар за неговиот план ја има поддршката од Реал, кој има намера да го ангажира како замена за Кристијано Роналдо.

Иако од Шпанија нема таква потврда, познатиот париски весник „Паризиен“ ја пренесе веста дека Флорентино Перес, претседателот на Реал, заклучил дека португалскиот ас е „потрошен“ и дека од него веќе не може да добие ништо освен добра оштета од спонзорите коишто се заинтересирани да го преселат во друг клуб.

Замена за Кристијано Роналдо следното лето во нов трансфер на векот би требало да биде Нејмар, а работата би била олеснета со незадоволството на Бразилецот со позицијата која ја има во клубот.

Откако дојде во ПСЖ, Нејмар речиси секојдневно го покажува каприциозен карактер од Барселона во присуство на тамошната икона Лионел Меси.

Бразилецот се скара со соиграчот Единсон Кавани околу изведувањето на пеналот, потоа беше исклучен поради удирање на противникот, а на крајот го обвини тренерот Унаи Емери дека бара да ги одработува и дефанзивните задачи, за кои не е должен според договорот.

Дека Нејмар има максимално привилегиран статус, потврдено е и со објавувањето на деталите на договорот кој го има со ПСЖ, а тоа изгледа беше капката која ја прели чашата.

Според извештаите на француските медиуми, Нејмар се заканил дека нема да игра додека не биде сменет тренерот Унаи Емери.

Таму каде што има чад, има и оган, а веста за одбивањето на Нејмар да соработува со Емери ја најави и неговото отсуство од гостувањето на „светците“ кај Анжи (5-0). Бразилецот официјално е повреден, но во таа верзија на приказната малкумина веруваат.

Веста за флертувањето меѓу Нејмар и Реал е повеќе пати потврдена во последните месеци, а и Флорентино Перес изјави дека уште пред неколку години го имал на радар Бразилецот, но дека Барселона побрзо работела.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2017 23:13