Селекцијата на Сенегал со победата над Јужна Африка стана третата земја од Африка која што обезбеди пласман за Светското првенетво во Русија, поркрај Нигерија и Египет.
Сенегал синоќа со 2-0 славеше во Јужна Африка со што обезбеди прво место во групата Д.
Остануваат уште две слободни места за Русија од квалификациите од Африка, а за едно од нив ќе се борат Брегот на слоновата коска и Марково во директен меч кој што ќе се игра утре во групата Ц.
Во групата А, Тунис ја пречекува Либија, а ДР Конго е домаќин на Гвинеја. Таму Тунис во моментов има предснот од 3 поени пред ДР Конго.