Нашите најдобри фудбалери вечерва со 2-0 ја совладаа селекцијата на Норвешка во пријателски натпревар, со што уште еднаш ја потврдија добрата форма.

Стрелци на головите за победата на Македонија беа Горан Пандев и Кире Маркоски.

Со оваа победа избраниците на селекторот Ангеловски ја завршија 2017 година, во која што забележаа само 1 пораз, а имаа 5 победи и 3 нерешени.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2017 04:34