Иако Светското првенство е спектакл на кој што се собираат најдобрите светски репрезентации и секако фудбалери, но сепак ниту за сите од најдобрите нема да има место во Русија.

Следното лето во Русија гледачите нема да имаат можност да уживаат во фудбалските познавања и можности на големи светски ѕвезди кои доколку ги тавиме во еден тим би составиле колектив спремен за светска титула.

Играчи кои ќе го пропуштат Светското првенство: Јан Облак(Словенија), Анонио Валенсија(Еквадор), Вирџил Ван Дајк(Холандија), Костас Манолас(Грција), Давид Алаба(Австрија); Миралем Пјанич(БиХ), Артуро Видал(Чиле), Алексис Санчез(Чиле), Герет Бејл(Велс); Един Џеко(БиХ), Пјер Емерик Аубамејанг(Габон).

Да напомене, дека застрашувачки изгледа и самата купа, резерви во овој тим би биле: Арјен Робен, Марек Хамшик, Ријад Марез, Петр Чех, Стефан Де Вриј, Наби Кеита, Кристијан Пулишиќ и Гари Медел.

Ако на овој состав се додадат и играчите на Италијанската репрезентација во тој случај можеме само да жалиме што вакви фудбалски ѕвезди нема да ги гледаме на светското првенство во Русија.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2017 03:44