Даниеле Де Роси жестоко реагираше кога му беше кажано дека треба да се загрее за да влезе во игра, фудбалерот на Рома покажуше дека на теренот треба да истрча Лоренцо Инсиње а не тој.

„Аѕурите“ бркаа негатива од еден гол од првиот натпревар, па како одминуваше времето, атмосферата беше потензична.

Па камерите уловија една жестока реакција на Даниеле Де Роси кога по наредба на селекторот Вентура му беше кажано да стане да се загрее за да влезе во игра.

Фудбалерот на Рома бесно му објаснуваше на помошникот: „Зошто да влезам јас? Не играме на реми, треба да победиме!”.

Даниеле Де Роси исто така покажа и кон Лоренцо Инсиње кој седеше до него и стави добро до знаење кој треба да влезе во игра место него.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2017 10:52