Фудбалската федерација на Италија го отпушти селекторот Џампаоло Вентура, откако репрезентацијата не успеа да се пласира на Светското првенство во Русија 2018.

Италија натпреварите од групата ги заврши на второто место зад Шпанија, а потоа не успеа да ја мине Шведска во баражот.

Во текот на квалификациите и бараж дуелите Италија имаше два пораза (Шпанија и Шведска), а одигра нерешено и со Македонија.

- Изгубив само два натпревара за две години, изјави 69-годишниот Вентура.

Италија првпат по 1958 година не успеа да се пласира на Светското првенство. Вентура по 17 месеци на клупата на Италија доби отказ, откако имаше потпишано двегодишен договор.

Италијанските медиуми најавуваат дека можен наследник на Вентура може да биде Карло Анчелоти.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2017 15:09