Прославениот фудбалер Дејан Станковиќ и Оливие Доља од одделот за развој на фудбалот во УЕФА беа гости на Фудбалската федерација на Македонија и предавачи на фудбалската Академија во рамки на ФФМ, соопштија од „Куќата на фудбалот“.

Поранешниот клупски колега на Горан Пандев во Интер, Станковиќ кој исто така е дел од одделот за развој на фудбалот во УЕФА, ја истакна посветеноста на нашата федерација кога е во прашање младинскиот фудбал и посебно, Академијата на ФФМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2017 11:39