Кристијано Роналдо постигна два гола синоќа во триумфот на Реал Мадрид над АПОЕЛ (0:6) и постави нов рекорд во Лигата на шампионите.

Португалецот погоди во 49 минута и 54. минута со што стигна до 18 голови во елитното фудбалско натпреварување во една календарска година.

Претходно рекордот исто така го држеше ѕвездата на Реал со 16 погодоци постигнати во 2015 година.

Реал Мадрид веќе има обезбедено пласман во осминафиналето од ЛШ, а Роналдо ќе има можност во последното (6. коло) од групната фаза да го подобри рекордот за уште некој погодок.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2017 20:52