Екипата на Зенит ја постигнаа четвртата победа во групата Л од Лига Европа откако синоќа на домашен терен во рамките на 5. коло го победи македонскиот првак Вардар со 2:1.

Италијанскиот тренер на клупата на рускиот тим Роберто Манчини со пофалби за своите играчи, но и со честитки за играта на Вардар на дуелот.

– Настапивме со комбиниран тим, но најважно е дека постигнавме победа. Бевме подобри во првиот дел кога постигнавме два гола и практично го решивме натпреварот. Вардар во вториот дел играше допадливо. Ние не реализиравме неколку шанси и не погодивме од пенал, изјави Манчини.

Во последното коло Зенит гостува кај Реал Сосиедад. Тоа ќе биде дуел за првото место во групата, со тоа што Зенит има бод повеќе и нерешен резултат ќе им овозможи прво место.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2017 16:21